МЗТ Скопје нема начин како да одигра добро второ полувреме против Задар и ако тоа не влијаеше врз исходот и победата на првиот меч на гостински терен, вечерва беше кобно за Аеродромци.
На домашен терен МЗТ имаше предност од 8 поени во првото полувреме, потоа водеше и со двоцифрена разлика, но прокоцка сè и загуби со 77:78, па ќе мора да се „вади“ во Задар на мајсторката.
И на првиот дуел стартот и првиот дел беа одлични за „штрковите“, а продолжението лошо, но сепак беше забележана победа.
На 30 април во Задар ќе нема поправен испит и победникот ќе игра во АБА-лигата следната сезона.
Погледнете како МЗТ Скопје вечерва загуби во Аеродром од задрани.