Хјустон загуби на свој терен од Сакраменто со 122:117, а мечот го одбележа и еден неочекуван инцидент. Во еден момент, на теренот втрча речиси целосно гол човек, кој почна да танцува на центарот од игралиштето, но тоа не траеше долго.
За кратко време се појавија луѓето од обезбедувањето, а кога човекот сакаше да избега, едноставно беше срушен и „залепен“ на паркетот. Потоа се појави и полицијата, а страјкерот беше изнесен од салата.
Ain't no way…pic.twitter.com/Yw3Ms5mCjo
— BLACK ADAM SCHEFTER (@B1ackSchefter) April 2, 2022