Ву Леи го засени шоуто на Суарес во каталонското дерби (видео)

За разлика од Реал и Атлетико Мадрид, Барселона не тргна со победа во 2020 година. Каталонското дерби на гостувањето кај Еспањол заврши со реми од 2-2, кинескиот интернационалец Ву Леи е виновник што шпанскиот првак остана без три бода.

Домаќините тргнаа одлично и со првата закана во рамките од голот на Нето реализираа за 1-0, стрелец на голот беше Лопес во 23-тата минута. На гостите добро им дојде паузата од 15 минути, играчите на Барса се консолидираа и до 60-тата минута го најавија пресвртот.

Свое шоу имаше Луис Суарес, прво во 50-тата минута израмни на 1-1, а девет минути подоцна во улога на асистент му намести погодок на Видал. Каталонците во последните петнаесетина минути играа со играч помалку по црвениот картон кој го заработи Де Јонг, а во таква ситуација Еспањол притисна за израмнувачки гол и го постигна во 88-та минута преку Ву Леи.

Барселона и по ова реми ќе остане на врвот на табелата со ист број на бодови како и Реал Мадрид (40), додека Еспањол не мрда од последната позиција со 11 бода.

https://www.dailymotion.com/video/x7q29t5

https://www.dailymotion.com/video/x7q2a3f

- Оглас -

Најнови вести