Орландо меџик го совлада Мајами хит на гости со 99:104 и со тоа ја доби директната пресметка за осмото место во Источната конференција. На седум натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната, сега Орландо е во позиција да игра разигрувања благодарение на серијата победи која се продолжи на шест меча.
Никола Вучевиќ одново се покажа како лидер на Орландо, ноќеска оствари дабл-дабл учинок од 24 поени и 16 скока и беше најефикасен од останатите играчи од почетната петорка во својот тим, кои исто така стигнаа до двоцифрен број поени.
Црногорскиот центар му ја расипа вечерта на Крис Бош, поранешниот член на Мајами кој освои две шампионски титули со екипата од Флорида. Мајами го повлече дресот со број 1 на Бош и тој стана четвртиот играч на оваа франшиза чиј дрес засекогаш ќе стои под кровот на „Американ ерлајнс арената“.
https://twitter.com/MiamiHEAT/status/1110709160134483968
Во Винсконсин гостуваше Хјустон, а Милвоки и вторпат оваа сезона беа подобри од „ракетите“. Лидерот од Истокот ја доби пресметката со конечни 108:94, а за промена Јанис Адетокумбо не беше најефикасниот играч на „елените“. Ерик Бледсо беше најрасположен во победата со 23 поени и седум асистенции, Грик Фрик застана на дабл-дабл од 19 поени и 14 скока, додека кај поразените најефикасен беше Харден со дабл-дабл од 23 поени и 10 скока.
The MVP put up MVP numbers and got the W:
19 PTS | 14 REB | 4 AST #FearTheDeer pic.twitter.com/zBbZEVtaEc
— Milwaukee Bucks (@Bucks) March 27, 2019
И тројниот учинок на Лука Дончиќ беше недоволен за Далас во поразот од Сакраменто со конечни 121:125. Суперталентираниот словенечки кошаркар заврши со 28 поени, 12 скока и исто толку асистенции во неизвесната пресметка која се одлучуваше во последните минути. Повел, исто така, одигра ефикасен меч со 21 поен и 13 скока, меѓутоа ниту тоа не беше доволно да се совладаат „кралевите“.
Од редовите на Сакраменто најрасположен беше Фокс со 23 поени, Барнс додаде 18 поени.
Резултати НБА: Шарлот хорнетс – Сан Антонио спарс 125:116, Кливленд кавалирс – Бостон селтикс 106:116, Мајами хит – Орландо меџик 99:104, Торонто репторс – Чикаго булс 112:103, Милвоки бакс – Хјустон рокитс 108:94, Минесота тимбервулвс – ЛА клиперс 111:122, Њу Орлеанс пеликанс – Атланта хокс 120:130, Далас маверикс – Сакраменто кингс 121:125, Денвер нагетс – Детроит пистонс 95:92, ЛА лејкерс – Вашингтон визардс 124:106.