Никола Вучевиќ (Орландо меџик – Њу Орлеанс пеликанс, НБА, 00 часот)
Црногорскиот центар ќе има вистински предизвик и тежок дуел со Џулиус Рендл. И двајцата имаат капацитет да играат и четворки и петки, знаат да шутнат и тројка, па ќе биде интересно да се гледа нивниот дуел.
Рендл сепак малку повеќе мисли на офанзива и поени отколку на одбраната, што е шанса за Вучевиќ полесно да постигнува поени. Ноќеска не игра Антонио Дејвис, а Њу Орлеанс нема шанси за плејоф и постигнува и прима многу кошеви, што е шанса за Вучевиќ полесно да ја исполни квотата од 22.5 поени.
Предлог тип: Вучевиќ > 22.5 поени (1.85)
Френк Џексон (Орландо меџик – Њу Орлеанс пеликанс, НБА, 00 часот)
Во отсуство на Џру Холидеј, Френк Џексон добива сè поголема минутажа на позицијата бек-шутер во Њу Орлеанс и одлично ја користи.
Џексон е школуван кошаркар, играше на престижниот колеџ Дјук, од каде што доаѓаат екстра квалитетни кошаркари во НБА-лигата, а Френк има капацитет да остави добар впечаток во најсилната лига на светот. Ја игра втората сезона во НБА и ова е најдобриот период за него.
Њу Орлеанс е во хаос, а една од светлите точки во лошиот период низ кој минува екипата е Џексон и тој може ноќеска да постигне најмалку 15 поени.
Предлог тип: Џексон > 14.5 поени (1.80)
Џеј Џеј Редик (Филаделфија 76 – Бостон селтикс, 00 часот)
Џеј Џеј Редик е во топ-форма, игра одлично за 76-те и заедно со соиграчите успеваат да го надоместат честото отсуство на првата ѕвезда Џоел Ембид.
Најавено е дека Ембид ќе одмори и ноќеска, втор меч по ред, што е шанса за Редик да стапи на сцена. Знае набрзина да го наполни кошот на противникот, а против Бостон на последните дуели редовно ја минуваше границата од 15.5 поени, колку што е во денешниот додаток за НБА-лигата во обложувалниците на Sport Life.
Предлог тип: Редик > 15.5 поени (1.85)
Бен Симонс (Филаделфија 76 – Бостон селтикс, 00 часот)
Олраунд-кошаркарот на 76-те ги знае сите тајни на кошарката, а како игра, задоволство е да се следи кошарката. Знае често и лесно да забележи и трипл-дабл, а на паркетот изгледа како да се забавува. Во отсуство на Ембид, тој и триото Батлер, Харис и Редик се задолжени за кошеви, а Филаделфија игра атрактивно, токму предводена од моторот на екипата Бен Симонс.
За него да се постигнат 16 или повеќе поени не е преголема уметност, а веруваме дека ноќеска ќе биде ефикасен и ќе постигне повеќе од 15.5 поени.
Предлог тип: Симонс > 15.5 поени (1.90)
Бредли Бил (Чикаго булс – Вашингтон визардс, НБА, 01 часот)
Бекот на Вашингтон визардс оди на поправен ноќеска откако комплетно потфрли против Јута џез во катастрофата и поразот со разлика од 21 поен.
Бил одигра послабо од очекувањата, а на Визардс им истекува времето и ако сакаат да играат плејоф, мора да победуваат. А, најмногу кај нив зависи од тоа како ќе одигра бекот, кој има Олстар-капацитет и знае да одигра блескаво.
Против Чикаго игра одлично, на последните два меча постигна над 30 поени, а и ноќеска од него се очекува да го предводи составот на Вашингтон до победа, која многу ќе им значи за фаќање на последниот воз кон плејофот.
Предлог тип: Бил > 27.5 поени (1.90)