Вучиќ го лоцираше проблемот на Србија: Играч кој има плата од 5.000 евра во Словенија им даде гол

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ го коментираше испаѓањето на неговата репрезентација во групната фаза од Европското првенство. Србија заврши последна во групата без ниту една победа и со само еден постигнат гол.

Вучиќ кој е во Брисел реши да даде своја анализа и коментар за ЕП. „Се согласувам дека ова е дебакл. Точно дека ова е спорт, но ние имаме инвестирано многу пари за тој спорт. Луѓето во Србија заслужуваат подобар резултат. Не е проблем да се загуби од Англија која е лоша, не е проблем да се загуби од Германија или  Шпанија. Проблем е кога ќе загубите од Словенија чија репрезентација вреди три пати помалку од тимот на Србија и играч кој добива 5.000 евра плата во Целје ќе ви даде гол, затоа што нема кој да го чува“, разочарано коментираше Вучиќ, кој додаде дека Србија не е „банана“ држава.

Поради неуспехот и испаѓањето на Србија во нокаут фазата се очекува да настрада селекторот Драган Стојковиќ-Пикси кој е под голем притисок дека треба да си замине од функцијата.

- Оглас -

Најнови вести