Вучиќ: Имам молба до Никола Јокиќ да игра за Србија на Олимписките игри

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, јавно ја замоли НБА-ѕвездата Никола Јокиќ да игра за репрезентацијата на Олимписките игри во Париз. Тој во интервју на РТС изрази надеж дека Јокиќ ќе се јави на повикот на селекторот.

„Јас него многу го сакам, многу го почитувам и него и неговото семејство и ако ова може да биде, имам молба за него да се јави на повикот на селекторот. Канаѓаните ќе бидат многу силни, со Џамал Мареј и со Шеј Гилгес Александер и ќе биде многу тешко со нив, но ако некој може да ги победи, тоа е само Србија“, изјави Вучиќ.

Никола Јокиќ се врати во Србија и се наоѓа на летен одмор, а селекторот на Србија, Светислав Пешиќ, сѐ уште го нема објавено поширокиот список на кошаркари за Олимписките игри.

- Оглас -

Најнови вести