Партизан загуби од Црвена ѕвезда во финалето на кошаркарскиот куп на Србија, па тренерот на Црно-белите даде изјава во која кажа дека најголема лага која ја слушнал е дека неговиот клуб е државен проект.
„Ова е одвратен напад на државата кој се случува секој ден, често и од Црвена ѕвезда. Вистината е дека ништо не би било од Ѕвезда и Партизан без државата. Ниеден клуб во Европа нема таква поддршка од државата како што имаат Партизан и Црвена ѕвезда. Зборувам за директни пари од државата преку Телеком, НИС, Градот Белград, итн. Државата бара тие да бидат помогнат за да бидат поуспешни, плаќаме огромни суми на пари, им излегуваме во пресрет околу данокот, им плаќаме лиценци, изнајмувањето на Штарк Арената е по трипати пониски цени. Партизан осум години не би играл европска кошарка, би пропаднал. Сакате да земате пари, а зборувате дека другиот клуб е миленик на државата. Не би постоеле без државата. Со живот гарантирам дека КК Партизан за данок должи 6 милиони евра, а Ѕвезда 1,2 милиони евра“, рече Вучиќ.