Вудс на итна операција, познато е со какви повреди се здобил во сообраќајката

Легендарниот голф играч Тајгер Вудс не е во животна опасност по сообраќајната несреќа која ја имаше денеска. Славниот спортист бил сам во автомобилот кога загубил контрола и излетал од патот. Се верува дека Вудс возел со поголема брзина од дозволената, а за да биде извлечен од автомобилот, биле ангажирани и пожарникари.

Легендарниот Вудс веднаш бил пренесен во болница и итно бил опериран. Според првичните информации, повредите не се животозагрозувачки. Тој има неколку скршеници на нозете и рацете.

„Операцијата е во тек. Се работи за скршеници на двете нозе и за повреди на рацете. По операцијата ќе се знае колку долго ќе трае периодот на рехабилитација. Ви благодарам на сите за поддршката во овие моменти“, рече менаџерот на Џудс, Марк Стејнберг.

 

- Оглас -

Најнови вести