Вујкото на Надал најави сензација: Рафа ќе му каже збогум на тенисот во Париз или во Мадрид

Вујкото и поранешен тренер на Рафаел Надал, Тони, изјави дека шпанскиот тенисер најверојатно ќе замине во пензија по настапот на Ролан Гарос или на Мастерсот во Мадрид, но не кажа дали тоа ќе се случи годинава или не.

Надал дури 14 пати победи на Ролан Гарос, додека на омилениот Мастерс во Мадрид, славеше пет пати.

„Рафа најверојатно во Мадрид или во Париз ќе му каже збогум на тенисот. Времето ќе каже каде ќе се случи тоа, но одлуката ќе ја донесе Рафа. Кога ќе освоите некој трофеј, се убедувате себе си дека имаше уште нешто да му дадете на тенисот и тешко е да се повлечете кога победувате. Мислам дека само Сампрас направи такво нешто. Не сум зборувал со Рафа на оваа тема, но ако целосно се опорави од повредата, нека продолжи да игра, па ќе видиме“, изјави Тони Надал.

Тој изјави дека Рафаел Надал, се подготвува за враќање на терените и тоа во период кога се играат турнири на земјени терени, неговата омилена подлога. Шпанецот најави дека ќе се врати на терените на Мастерсот во Монте Карло.
„Мислам дека Рафа се чувствува многу подобро, но не ја знам точната состојба со повредата. Да не лажеме, кога сака да се натпреварува, потребни му се некакви гаранции дека ќе може да победува. Не верувам дека ќе се врати на терените ако не е максимално подготвен“, додаде Тони Надал.

- Оглас -

Најнови вести