Чичкото на Надал не верува во Ѓоковиќ, експресно му дојде одговор од Србинот

Тони Надал, чичкото и поранешен тренер на Рафаел Надал, во колумна за шпанскиот весник „Ел Паис“, напиша дека Новак Ѓоковиќ не е истиот тенисер од пред 5-10 години и дека Алкарас е подобар тенисер од него.

„Можеме да кажеме дека Алкарас и Федерер се израмнети како број еден од ова и од тоа време. Но, Ѓоковиќ пред пет или десет години беше подобар од сега. Рафа би го надиграл Медведев, Мареј би бил подобар од Зверев, а Вавринка од Руд. Ова е невозможно да се докаже во пракса, но споредбите можат да послужат да се сфати зошто има толку изненадувања на стартот на гренслем-турнирите“, напиша Тони Надал.

Ѓоковиќ, кој сигурно чекори кон финале на Отвореното првенство на САД, во полуфиналето е фаворит против Американецот Бен Шелдон, беше запрашан од новинарите за коментар на текстот на Тони Надал и веднаш одговори.

„Не знам дали би се согласил целосно со него. Мислам дека секоја генерација има фантастични тенисери кои доминираат. Новата генерација со Синер, Руд, Руне, Алкарас сега е главна на турнирите. Погледнете што направи Алкарас во изминатите години и како игра. Поради тоа мислам дека Алкарас би бил успешен и пред десетина години. Секоја генерација си има шампиони, но тенисот се менува“, изјави Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести