Видно задоволен после убедливата победа на кошаркарите на Партизан против Црвена ѕвезда по која изедначија на 2-2, некогашниот трофеен тренер на Црно-белите, Душан Вујошевиќ, имаше порака до играчите на Партизан пред мајсторката која ќе го одреди првакот на АБА лигата.
„Овие играчи на Партизан сега треба да покажат дека се мангупи во туѓ двор, и да покажат дека вака може да одиграат и пред навивачите на Ѕвезда“ – рече Вујошевиќ.
На петтиот решавачки меч в понеделник, официјален домаќин е Црвена ѕвезда и тоа значи дека во сала ќе бидат поддржувачи само на Црвено-белите. Во таков амбиент на првите два меча, Ѕвезда победуваше.