Вујовиќ: Да бидам селектор на Хрватска? Ако ме побараат, зошто да не?

Ракометната репрезентација на Хрватска разочара на претстојното Светско првенство со завршување на 15-тото место и без пласман во нокаут-фазата, по што селекторот Лино Червар го напушти кормилото.

Веднаш медиумите се пуштија во потрага по заменик на Червар, а еден од потенцијалните наследници го најдоа во Веселин Вујовиќ. Ракометната легенда од овие простори и некогашен тренер на Вардар во два наврати и на македонската селекција посочи дека не би имал проблем да застане на клупата на Коцкестите, ако се знае дека во минатото работел во повеќе ексјугословенски репрезентации.

„Мундијалот е актуелна тема и цело време ме бараат да одговарам на одредени прашања и да анализирам, а едно од прашањата секако е дали би бил предводник на Хрватска. Јас велам зошто да не, но прво треба да ме побараат од таборот на Федерацијата за да разговараме и да одлучиме што е најдобро. Секако дека немам проблем со тоа, во минатото бев селектор на Словенија, Србија и Црна Гора, Македонија. Меѓутоа, не сакам да ме сфатите погрешно, јас не се нудам бидејќи мислењата се поделени околу тоа дали треба да ја предводам Хрватска“, посочи Вујовиќ.

Вујовиќ од неодамна седна на клупата на Борац Бања Лука, додека го доби статусот легенда во Вардар со три освоени титули во домашното првенство, три Купови на Македонија и еден трофеј во СЕХА-лигата во периодот од 2006 до 2009 година, а потоа од 2011 до 2013 година.

- Оглас -

Најнови вести