Тренерот на Вардар 1961, Веселин Вујовиќ, е еден од најкритикуваните за поразот од Сегед во Лигата на шампионите, а тој го даде своето мислење за причините за поразот.
„Победата на Сегед е повеќе од заслужена. Разочаран сум, не толку од резултатот колку од начинот на кој го загубивме натпреварот. Многу лошо го отворивме мечот, направивме почетнички грешки во напад. Немавме расположен играч. Сегед е подобар тим од нас во моментов. Не е лесно да им се парира, и порано реков дека ќе дојдат тешките времиња. Го делам разочарувањето со навивачите, целта ни е да одиме во втората рунда, мислам дека можеме, имаме добар распоред. Поразот е тежок, но борбата трае“ – рече Веселин Вујовиќ.
„После негатива од 1-8, не може да се игра против таква сериозна екипа како Сегед. За поразите, сами сме виновни и треба да се анализираме. Жалиме што не ја радуваме публиката која постојано ни дава поддршка. Треба да ја кренеме главата и да одиме напред“ – вели Филип Талески.