Вујовиќ му го нанесе првиот СЕХА пораз на Алушовски

Еурофарм Работник загуби од ППД Загреб со минимални 23-24 во меч од ракометната СЕХА лига, и ова за битолчани е прв пораз сезонава во регионалното натпреварување.

„Фармацевтите“ во претходното коло на свој терен го изненадија Веспрем, а денеска за малку не приредија сензација и против екипата на тренерот Веселин Вујовиќ. За ППД Загреб ова е прв натпревар сезонава на домашен терен.

Ловро Јотиќ кој е екс член на Загреб, и Владислав Остроушко со по 5 гола, беа најефикасни во тимот на тренерот Стевче Алушовски, а Бојан Маџовски и Мирко Радовиќ постигнаа по три.

Сега во групата Б од СЕХА лигата, Е. Работник, Веспрем и Загреб имаат по еден пораз. Следниот меч за битолскиот тим е за три дена на гости кај Мешков Брест.

 

- Оглас -

Најнови вести