Македонскиот првак Вардар утревечер го игра натпреварот против ППД Загреб во рамките на десеттото коло од групата А во Лигата на шампионите.
Овој натпревар ќе покаже дали Вардар е излезен од резултатската криза и со евентуална победа значајно ќе си ги зголеми шансите за пласман понатаму.
За тоа е свесен и тренерот Веселин Вујовиќ, кој најави дека домаќинот има добар тим.
„Загреб е една млада екипа која има микс и од искусни играчи.
Ќе биде навистина тежок меч бидејќи тие добро одиграа против Монпелје, исто така и ние против Кил, а победата им е повеќе од потребна на двете екипи.
Бидејќи тој што ќе дојде до триумфот, значително му се зголемуваат шансите за пласман во следната рунда.
Мислам дека ние играме добро и дека против Загреб, Елверум и Мешков ќе дојдеме до целта, а таа е пласман во следната рунда“, изјави Вујовиќ.
Вардарци денеска ќе се упатат кон Загреб, додека утрешната средба е закажана со почеток од 20:45 часот.
Во досегашниот тек од групата А, македонскиот тим има пет бода и се наоѓа на шестото место, додека наредниот ривал има само еден бод помалку.