Веселин Вујовиќ рече дека во Вардар 1961 дошол да го спаси клубот од можно згаснување и не му е проблем да си замине ако претседателот на клубот го побара тоа од него.
„Пробавме на разни начини да се одбраниме од Бомбач и Банхиди, но беше невозможна мисија. Начинот на којшто загубивме не беше добар. Не е проблем да си заминам ако претседателот или некој мисли дека друг тренер со оваа екипа ќе направи подобри резултати. Тука дојдов да го спасам Вардар, да помогнам, клубот беше на работ да се згасне. Не дојдов да го понижам Вардар. Јас сум човек победник, и мене ми е срамно кога гледам како губиме 1-8, во тие моменти ми доаѓа да исчезнам од клупата. Првите добри резултати залажаа многумина, но реалноста е да бидеме петти или шести во групата, другите екипи се за нијанса подобри од нас“, изјави Вујовиќ.