Вујовиќ: Не личевме на екипата која играше добро три кола

Тренерот на Вардар 1961, Веселин Вујовиќ, рече дека жали што и покрај убавата атмосфера која ја направија навивачите, неговиот тим потфрли и не одигра добро како во првите три кола.

„Монпелје заслужено победи, ние не бевме на потребното ниво во ниту еден сегмент од играта, не личевме на екипата која играше добро во првите три кола. Жал ми е за навивачите кои направија одличен амбиент. Монпелје е добар тим, го победија и Кил, со причина се плашев пред овој меч. Цел тим пофрли, мора да видиме каде е проблемот. Сезоната е долга“, изјави тренерот Веселин Вујовиќ.

- Оглас -

Најнови вести