Вујовиќ не штеди пофални зборови за Македонија: Направија голем чекор кон модерниот ракомет

Легендарниот Веселин Вујовиќ ја има улогата на селектор на Катар и токму тој ќе биде најголем адут на азиската селекција за утрешниот меч против Македонија. Вујовиќ кој има работено и во македонското првенство и одлично го познава нашиот ракомет, не штедеше добри зборови за играта на избраниците на селекторот Кирил Лазаров.

„Мило ми е дека Македонија освои еден бод против Австрија. Ни се трудевме тука со победа да можеме да и помогнеме на Македонија. Не ни успеа. Следен ривал ни е Македонија, за жал ќе мора да се обидеме да дадеме се од себе, ново секој случај поздрав за целиот македонски народ“, рече Вујовиќ, кој потоа додаде дека македонската репрезентација многу напреднала во секој аспект од играта.

„Македонија игра многу добро. Игра смирено, игра тактички добро, се борат во одбрана. Го заслужуваат ова и без разлика што ќе направат до крајот на Светското првенство, тие веќе направија голем чекор напред кон модерниот ракомет“, заврши Вујовиќ во пресрет на утрешниот дуел против нашата селекција.

- Оглас -

Најнови вести