Вујовиќ: Нема смисол да се игра Европското првенство, нема да пропадне светот ако се одложи

Поранешниот тренер на Вардар, ракометната легенда Веселин Вујовиќ, во интервју за хрватскиот портал Индекс изјави дека претстојното Европско првенство во Унгарија и Словачка кое треба да почне на 13-ти јануари, треба да биде одложено.

Многу репрезентации имаат проблеми со заразени играчи, па Вујо смета дека вакво првенство на кое би фалеле многу ѕвезди, не би имало смисол.

„Не ми е јасно на кој нормален му е во интерес да се игра ваков турнир. Тимови со по 6-7 заразени играчи треба да патуваат на ЕП, а ако некој има позитивен тест, другите мора да одат во изолација, па после десет дена пауза без тренинг, да играат мечеви. Тоа нема врска со здрав мозок. Каков ракомет би гледале? Никаков. Плус ако се игра без публика, за кого би се играло? Мое мислење е дека ЕП мора да се откаже, нема да пропадне светот ако прескокнеме еден турнир“ – вели Вујовиќ, кој до неодамна седеше на клупата на Вардар 1961.

- Оглас -

Најнови вести