Вујовиќ се враќа во старо јато

Веселин Вујовиќ денеска треба да биде промовиран во нов тренер на Загреб. Ракометниот стратег повторно ќе биде на чело на хрватскиот тим, а ќе дојде на местото на Бранко Тамшe. Словенечкиот тренер денеска треба да даде отказ, а веднаш на негово место да биде промовиран Вујовиќ.

„Да точно е дека се враќам во Загреб. Ќе потпишам договор на три години. Бидете дел од прес-конференцијата во 12 часот и ќе ме видите на претставувањето. Повторно ќе бидам тренер на Загреб. Тоа е сѐ што можам да ви кажам“, вели Вујовиќ во изјава за порталот 24 casa.hr.

Популарниот Вујо Мајсторе беше на чело на Загреб во периодот од 2014 до 2016 година, а моментно е и селектор на Словенија. Во наредниот период паралелно ќе биде и тренер на Загреб и селектор на Словенија. Загреб е во група со Еурофарм Работник во СЕХА лигата, па Вујовиќ ќе го гледаме на дуел во Битола. Загреб е во различна група со Вардар во Лигата на шампиони, што значи дека може да се сретнат со Црвено-црните дури во ноакут-фазата.

 

- Оглас -

Најнови вести