Вујовиќ: Со буџетот на КК Црвена ѕвезда, ракометниот клуб ќе биде европски првак

Некогашниот славен ракометар, а сега и тренер, Веселин Вујовиќ, смета дека ракометниот систем во Србија не чини, па дури и да донесат врвен стручњак за селектор, не би придонел многу за некакви успеси на овој спорт кај нашиот северен сосед.

„Не треба да се води кафеанска политика во ракометот, туку веднаш да се формира стручен совет од луѓе кои знаат и може да даваат добри предлози. Тој совет е толку деградиран, што и да донесе одлука, претседателот кој не работел ниту на час по физичко воспитување, може да ја промени. Французите имаат дијаметрално спротивен однос и заслужуваат доживотно да бидат прваци на светот“, вели Вујо за „Балкан хендбол“.

Поранешниот тренер на Вардар повлече паралела помеѓу цените во кошарката, каде што Србија има успеси, и ракометот.

„Во едно интервју кажав дека ако му го дадат буџетот на кошаркарскиот клуб Црвена ѕвезда, ќе бидам европски првак во ракомет. Тогаш ме нападнаа дека имам нешто против нивниот буџет, дека сум против Ѕвезда, катастрофа. Само сакав да кажам дека со тие пари, Ѕвезда не може да биде прва во Европа во кошарка, а кога ракометниот клуб би имал буџет од 8,5 евра, може да биде европски шампион. Ракометот е популарен во Србија, потпишувам дека ако Ѕвезда игра меч за влез на фајнал-фор, белградската Арена би била полна“, објаснува Вујовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести