Вујовиќ: Со ваква игра ќе изгубевме и од Бутел

Веселин Вујовиќ на прес-конференцијата по мечот со Монпелје истакна дека е среќен што Вардар 1961 не играл со Бутел или друг тим од македонската Суперлига бидејќи со ваква игра, ќе претрпеле пораз и од домашен ривал.

„Среќен сум што вечерва не игравме со Бутел. Со ваква игра, толку утки и технички грешки на бековите, ќе загубевме и од Бутел. Не го потценувам Бутел, туку давам пример, ќе изгубевме од кој било тим од македонската лига. Ми се чини дека првите мечеви ги опуштија играчите, помисливме дека сме многу јаки, дека во оваа сала секого ќе го победиме. Ова е сериозна шлаканица, но доаѓа навреме. Пет бода не се лоши од четири кола, треба да бидеме цврсто на земја и кога ќе дојдат тешките денови. Сега да видиме колку сме силни да се кренеме“, рече Вујовиќ.

- Оглас -

Најнови вести