Вулверхемптон и денеска го потсетува Гвардиола на „корејското момче“ (Фото)

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, сега веројатно ќе го запамети името и презимето на корејскиот фудбалер кој игра за Вулверхемтон.

На прес-конференцијата пред мечот со Волците, Гвардиола изјави дека Вулфс има опасен напад во кој се Нето, Куња и она корејско момче, мислејќи на Хванг Хи-Чан.

https://twitter.com/i/status/1707797325056299135

Судбината сакаше токму корејското момче да го даде клучниот гол за пораз на Граѓаните на Гвардиола.

Кога Хванг даде гол, од Вулфс објавија негова слика со наслов „Корејското момче“, што е јасна провокација за Гвардиола.

Малку подоцна, Вулфс објавија: Хи.Чан.Хванг. И ова се однесува на Гвардиола кој веројатно сега ќе научи како се вика Кореецот. Инаку и денеска Волците објавуваат слики од Хванг на кои тој е свртен со грб, за да му се чита презимето.

- Оглас -

Најнови вести