15.8 C
Skopje
сабота, 8 ноември 2025

Вулверхемптон избра тренер од Чемпионшип

Англискиот премиерлигаш Вулверхемптон конечно го избра новиот тренер по отказот на Португалецот Переира, а изборот падна на Роб Едвардс, кој ќе ја преземе клупата на тимот од „Молинју“.

Во изминатите два дена се споменуваа различни кандидати, меѓу кои и Игор Тудор и Тијаго Мота, но на крајот клубот се одлучи за 42-годишниот Британец. Едвардс важи за искусен стратег, кој пред неколку години го водеше Лутон до Премиер лигата, а сезонава започна на чело на Мидлсборо во Чемпионшип, со надеж дека ќе го врати клубот во елитата.

Мисијата на Едвардс ќе биде да го извлече Вулверхемптон од последното место и да обезбеди опстанок во Премиер лигата, откако тимот забележа само две ремија и осум порази во првите десет кола.

- Оглас -

Најнови вести