16.8 C
Skopje
сабота, 6 септември 2025

Вулверхемптон ќе купи уште двајца играчи од Милан

Англискиот премиерлигаш Вулверхемптон пред неколку денови во своите редови го доведе Патрик Кутроне од Милан. Како што стојат работите, Кутроне нема да биде единствениот играч на Милан кој летово ќе направи трансфер меѓу Волците.

Најавите се дека Андре Силва и Франк Кеси се пред заминување во Англија и тоа во тимот на Вулверхемптон. На двата потенцијални трансфери работи познатиот менаџер Жорге Мендеш кој го одведе Кутроне во Англија. Трансферот на Кеси е речиси завршен, бидејќи новиот тренер на Росонерите, Марко Џампаоло најави дека нема да смета на услугите на играчот од Брегот на Слоновата коска.

 

- Оглас -

Најнови вести