1.8 C
Skopje
среда, 31 декември 2025

Вулверхемптон освои бод на „Олд Трафорд“, но повтори антирекорд кој бил поставен пред повеќе од еден век

Англиската Премиер лига е точно на половина од сезоната. Вчера се одиграа неколку мечеви од 19-тото коло, а за 1 јануари се закажани останатите, со што ќе биде комплетиран првиот дел од шампионатот.

Според изгледот на табелата, јасно е дека во трката за титулата главни протагонисти ќе бидат Арсенал и Манчестер сити, а тука може да се вмешаат само уште Астон вила и Ливерпул.

Ако на врвот на табелата се издвоија екипите, некои работи уште сега се јасни и кога се работи за дното на табелата. Екипата на Вулверхемптон убедливо е најслаба и се наоѓа на последното место само со три освоени бодови.

Вулверхемптон синоќа изненади и одигра 1:1 против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“, но тоа беше само трето реми за Волците, кои немаат ниту една победа, но затоа имаат дури 16 порази.

Во речиси едно и пол вековната традиција на елитниот англиски фудбал, ова е само вторпат еден тим да нема ниту една победа по 19 одиграни натпревари. Единствен таков случај досега беше тимот на Болтон од пред повеќе од еден век, односно од сезоната 1902/03. Сега Вулверхемптон го повтори овој антирекорд на Болтон, а останува во некои од следните кола да видиме дали Вулверхемптон конечно ќе се израдува и на триумф сезонава.

- Оглас -

Најнови вести