Вулверхемптон разочара потенцијален добитник на ваучер на Спортска прогноза

Само еден прогнозер од вкупно 2.293 кои учествуваа во 15-тото коло на Спортска прогноза успеа да погоди двоцифрен број на парови, меѓутоа со 10 не се добива ниту ваучер во вредност од 500 денари од Sport Life.

T. Драганчо беше блиску до минималниот подарок кој се доделува на Спортска прогноза, меѓутоа вчера Барнли изненади со Вулверхемптон и го остави прогнозерот само на 10 погодени парови. Во текот на викендот Драганчо ги промаши уште средбите меѓу Лацио и Наполи, односно Мајнц и Вердер Бремен, каде што чекаше реми, а дуелите завршија со триумфи за Лацио и Вердер.

Денес во 14 часот ќе се објават новите 13 парови во последното коло за 2020 година, односно 16-то во третата сезона на Спортска прогноза. Затоа бидете во тек и не ја пропуштајте последната шанса за оваа година да се подновите со „ајфон 11“.

- Оглас -

Најнови вести