Вулвс и Нотингем петпати по ред играат нерешено, Реал Мадрид пред лесен предизвик во Купот (Фото)

1118 Вулверхемптон – Нотингем форест (21:00)

Нотингем форест игра фантастична сезона во Премиер лигата и со евентуална победа вечерва има можност да се израмни според бројот на бодовите со Арсенал на втората позиција на табелата. „Шумарите“ ја завршија 2024 година со фантастична серија од пет победи по ред во Премиер лигата, а денес го играат првиот меч во 2025. Сепак, и „волците“ играат одлично на последните натпревари, но петте последни меѓусебни натпревари на овие две екипи завршуваа нерешено и тоа со голови.

Предлог тип: Х2 & 2+ (1.83)

 

1139 КПР – Лутон (21:00)

КПР и Лутон играат ефикасен фудбал, а такво нешто се очекува и од нивниот денешен меч. Последните седум натпревар на КПР завршуваа со по најмалку два гола, а такво нешто се случи и на 11 од последните 12 меча. Во меѓусебните дуели на овие две екипи, последен пат немало два гола во 2007 година, а од тогаш на 12 натпревари се паѓале по најмалку два погодоци.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.22)

 

1372 Депортива Минера – Реал Мадрид (19:00)

Четвртолигашот Депортива Минера е противникот на Реал Мадрид во 1/16-финалето од шпанскиот Куп. Јасно е кој е фаворитот на овој меч и се освен лесна и убедлива победа на „кралскиот“ клуб ќе биде големо изненадување. Реал Мадрид се подготвува за настапот во Супер купот, па овој меч ќе биде генерална проба за избраниците на Карло Анчелоти.

Предлог тип: 2-2 & 4+ (2.02)

 

3040 Интер – Милан (20:00)

Првиот трофеј во италијанскиот фудбал оваа година ќе се додели вечерва во Ријад, Саудиска Арабија, а едно е сигурно – тој ќе патува во Милано. Градските ривали, Интер и Милан, во меѓусебен двобој ќе одлучуваат за трофејот, а во предност е Интер, кој во натпреварот влегува со серија од пет победи по ред во сите натпреварувања. Во меѓусебните дуели, Милан победи само на последниот, е претходно Интер имаше шест победи по ред.

Предлог тип: 1Х & 1+ прво (1.73)

 

1981 Панаитоликос – Олимпијакос (17:00)

Во Грција ќе се води голема битка за трофејот, бидејќи дури четири екипи се во само два бода, па Олимпијакос нема право на кикс на гостувањето кај Панаитоликос. Екипата од Пиреја со победа ќе се искачи на врвот од табелата, со оглед на тоа дека има само бод помалку од лидерот Панатинаикос, но и натпревар помалку, овој што ќе го игра денес.

Предлог тип: 2 & Т2 2+ (1.68)

- Оглас -

Најнови вести