Вундеркидот на Барселона повторно оди под нож

Ансу Фати, суперталентот на Барселона, во четврток по вторпат ќе оди на операција со цел да се коригира повредата на менискусот од коленото.

Пoвредата со која се здоби на почетокот од ноември минатата година не заздравува според планот, па мора повторно да оди под нож.

Иако се очекуваше Фати досега да работи на својот камбек на терените и да ја враќа формата во пресрет на Европското првенство, новата операција ќе значи и дополнителни два месеци пауза. Со тоа 18-годишниот офанзивец нема да биде дел од репрезентацијата на Шпанија, но би требало биде фит за стартот на сезоната 2021/22.

- Оглас -

Најнови вести