Вундеркиндот на Милан кој даде 500 голови до 14 години, сега сруши рекорд во Лигата на шампиони!

Франциско Камарда е италијанскиот 15-годишно момче за кое се верува дека е голема фудбалска надеж. Уште кога имаше 13 години, Камарда го доби вниманието од светската фудбалска јавност затоа што неговиот просек беше 5,5 погодоци на натпревар. Кога наполни 14 години, Франческо веќе зад себе имаше 500 погодоци, па многумина го нарекоа „Чудото од Апенините“.

Денеска овој тинејџер повторно се најде во центарот на вниманието откако дебитираше за Милан во младинската Лига на шампиони. Во ова натпреварување најчесто се фудбалери коишто имаат 19 години, а Камарда дебитираше на мечот против Њукасл само со 15 години.

Иако играше со четири години постари од него, Камарда блесна и беше најдобар на теренот. Постигна два гола, а изнуди и еден пенал, па Росонерите без многу проблеми со 4:0 го победија Њукасл.

- Оглас -

Најнови вести