8.8 C
Skopje
вторник, 25 ноември 2025

За 10 дена е ждрепката за Мундијалот, а ФИФА уште не објави едно клучно правило

Точно 10 дена остануваат до ждрепката на групите за Светското првенство кое ќе се одржи следната година во САД, Канада и Мексико. Иако има уште малку време до една од најбитните работи пред почетокот на Мундијалот, уште не е дефиниран начинот на којшто ќе бидат одредени групите пред ждрепката.

Вкупно 42 репрезентации имаат сиурен пласман на СП 2026, но останува дилема кои ќе бидат последните шест учесници. Тоа ќе биде познато дури по одигрување на дополнителните квалификации кои ќе се играат во март следната година, што значи дека ждрепката ќе се изврши без да се знаат последните шест учесника.

Неизвесноста е што ФИФА сè уште не објавила во кој барабан ќе ги смести репрезентациите победници од дополнителните плејоф баражи.

Постојат две опции. Првата е онаа што се користеше за последното Светско првенство и според неа, сите екипи од дополнителните квалификации би биле сместени во четвртата група по сила.

Сепак, се појавија и информации дека ФИФА би можела да ги смести репрезентациите од дополнителните квалификации во групи на сили што одговараат на коефициентот на најсилната репрезентација на одредена квалификациска патека. На пример: екипа што ќе ја помине квалификациската рута во која се Италија, Северна Ирска, Велс и БиХ, би зазела место во втората силна група поради коефициентот на Италија.

Дилемата останува, времето одминува и се чека да дојде 5 декември, кога ќе се дознаат групите за Светско првенство 2026.

- Оглас -

Најнови вести