За 10 години сменија 16 тренери, нека му ја мисли првиот црномурен германски стратег

Даниел Тиуне е 17-тиот тренер кој Хамбургер го ангажира во последниве 10 години. Германскиот стратег со сенегалско потекло го презеде кормилото на некогашниот европски првак и ќе го предводи тимот во следната сезона.

Тиуне доаѓа на местото на Дитер Хечкин, кој се задржа осум месеци на клупата. Хечкин го снајде истата судбина како неговите 15 претходници, кои не се задржуваа повеќе од една сезона, со исклучок на Гисдол и Финк.

Тиуне е првиот професионален црномурен тренер во Германија. Хамбургер му е втор клуб во кариерата, откако претходно оствари голем успех со второтлигашот Оснабрук, предводејќи го тимот до полуфиналето од Купот на Германија за првпат во клупската историја, каде што претрпе елиминација од Баер Леверкузен.

- Оглас -

Најнови вести