За 18 месеци во касата на Реал Мадрид се влеале 300 милиони евра

Реал Мадрид собра доволна сума пари за привлекување на Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд, пишува весникот „Марка“. Во последните година и пол, во клупската каса на Кралскиот клуб се влезени 300 милион евра од продажба на повеќе играчи.

Само во овој летен преоден рок од Реал Мадрид си заминаа Рафаел Варан, Мартин Одегард и Оскар, а клубот заработи и од продажбата на Хакими во Пари Сен Жермен, па собра дури 132 милиони евра. Минатата година беа продадени Матео Ковачиќ и Маркос Јоренте за солидна сума.

Прва цел на Реал е да го доведе Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен, но секако го немаат заборавено ниту Халанд од Борусија Дортмунд. Последен голем трансфер Реал направи во 2019 година кога за 100 милиони евра го доведе Еден Азар. Белгискиот репрезентативец воопшто не ги оправда вложените средства и почесто е повреден отколку што е на теренот.

 

- Оглас -

Најнови вести