За Александар, 13-ката е среќен број, промоцијата на Sport Life му донесе 120.000 денари

Александар Лалевиќ од скопско Волково е победник во октомвриската етапа на промотивната игра на Sport Life, Среќна 13-ка.

Александар имаше добитен тикет со 13 парови и вкупен коефициент од 2.163,5, и убедливо го освои првото место, за што си доби 120.000 денари.

„Тикетот го уплатив на 27-ми октомври во објект на Sport Life во Ѓорче Петров и тоа додека бев излезен на пауза од работа. Искрено чекав до последните денови да видам колкава квота имаат водечките и оставив да се зголеми квотата за да имам поголема инспирација да составам богат тикет со 13 меча“ – открива Александар дел од својата тактика.

На тикетот кој му донесе вредна награда, има само еден фудбалски меч, останатите се тениски и ракометни.

„Не сум врзан за еден спорт, играм кошарка, ракомет, фудбал, тенис, зависи. Претежно бркам поголеми квоти. Сум имал и поголеми добивки од оваа од 120 илјади, но со поголеми уплати, а паметам лани фатив 33 меча и со 20 денари уплата добивката беше околу 100.000 денари. Секако многу пати сум имал и недобитни тикети кои не излегле само за еден гол и слично, но тие сакам да ги заборавам“ – вели Александар кој долго време се обложува, а уплаќа секој ден и тоа му носи резултат.

„На овој тикет од Среќна 13-ка најтешко излезе ракометниот меч од Шпанија. Ми требаше уште еден гол во прво полувреме, а судијата досуди седмерец на една секунда до крајот. Кога дадоа гол и ми помина тој меч, ми олесна, бев сигурен дека тикетот ќе биде добитен. Последен натпревар што го чекав беше двојката на Манчестер сити против Манчестер јунајтед, немав дилеми дека ќе победи Сити“ – раскажува шампионот за октомври.

Александар вели дека ги игра и другите промотивни игри на Sport Life, редовно учествува во Спортска прогноза, а и на Типстер куп бил успешен и во минатото има добиено награда.

Фан е на Барселона, а токму Барса пред неколку дена му бутнала тикет.

„Навивам за Барселона, ја ставам на тикети, играм навивачки. Само кога играа со Реал не ја ставив. Сега кога загубија од Шахтар само тој меч не ми излезе на тикет кој носеше 18.000 денари“ – заклучува Александар.

- Оглас -

Најнови вести