За Алиоски 15 минути во новиот триумф на Лидс (видео)

Езѓан Алиоски доби прилика да игра во финишот од средбата во која Лидс убедливо славеше со 5-0 против Стоук. Тимот на Марсело Бјелса повторно е лидер во Шампионат лигата по остварената 24-та првенствена победа на четири кола до крајот на сезоната.

Македонскиот репрезентативец од 78-мата минута се најде на теренот во ситуација кога домаќините веќе ги обезбедија потребните три бода.

Клич од пенал донесе предност пред паузата, а Коста, Купер и Ернандес до 72-рата минута ја завршија работата за Лидс. Бамфорд не остана должен и го дотолчи прежалениот Стоук со гол за 5-0 во судиското надополнување.

https://twitter.com/FNGOALS1/status/1281281050086432770

По 42 кола, Лидс е лидер на табелата со 81 бод, еден повеќе од ВБА, додека Стоук ќе се бори за опстанок во последните четири натпревари како 21-во пласирани со 46 бода.

- Оглас -

Најнови вести