За Алиоски десетина минути во премиерната победа на Лидс

Лидс јунајтед во првото коло од новата сезона во втората англиска лига отвори со сигурни 3-1 на гостувањето кај Бристол сити. Фудбалерите на Марсело Бијелса заслужено ги освоија првите три бода, а македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски доби шанса во последните десетина минути од средбата, во моменти кога немаше дилеми кој ќе биде победникот на овој меч.

Искусниот Ернандес донесе предност за гостите во првото полувреме, а Бамфорд и Херисон ставија печат на средбата по 70 минути игра, пред Вајнман да го постигне почесниот погодок за домашната екипа. Алиоски влезе во 79-тата минута на местото од Даглас, на позицијата лев-бек, на која што сé почесто игра кај Бијелса.

Во сабота (13:30ч), Лидс пред домашни навивачи ќе го пречека тимот на Нотингем форест во рамки од второто коло од Чемпионшип лигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести