За Арсенал и реми би било премија против Манчестер сити

1111 Арсенал – Манчестер сити (17.30 часот)

Ова е дуел на два тима помеѓу кои бодовната разлика е цели 22 бода, и јасно е дека гостите се фаворити. Сити во Лига купот на 22 декември, во Лондон го победи Арсенал со 4-1 и тоа е нивниот последен меѓусебен дуел како некаков показател за односот на силите. Граѓаните немаат гостински пораз уште од 21 ноември. Топчиите уште од декември 2015 немаат домашна лигашка победа против Сити. Лидерот на Премиерлигата е во голем налет, па за Арсенал иако игра дома, и нерешен резултат ќе биде премија.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (1.75)

 

2834 ПСЖ – Монако (21.00 часот)

За ПСЖ ова ќе биде психолошки тежок меч за играње, бидејќи после големиот триумф во Барселона, сега мислат дека се непобедливи и тука е шансата на Монако. Двата тима се во добра форма, соседи се на табелата, но парижаните имаат пет бода повеќе и многу подобра одбрана од Кнезовите. Монако нема гостински пораз во 2021 година, но на „Паркот на принцовите“ последен пат победија уште кога Мбапе беше нивен член. Есеноска беше 3-2 за Монако.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.18)

 

3008 Аталанта – Наполи (18.00 часот)

Двата тима имаат по 40 бода, а најголем проблем за Аталанта е што в среда има дуел со Реал Мадрид во ЛШ и треба да калкулира со силите. Тука личи дека средбата може да оди во два правци: или гостите ќе освојат барем бод, или Аталанта ќе ги разбие. Наполи пред три дена загуби од Гранада во ЛЕ, а за тимот на Елмас проблем е и големиот број на повредени. Наполи од 10-ти јануари нема гостински триумф. Пред 11 дена во Купот, Аталанта го победи Наполи со 3-1.

Предлог тип: ГГ (1.60)

 

1112 Манчестер јунајтед – Њукасл (20.00 часот)

Манчестер јунајтед е најефикасен тим во Премиерлигата, а Њукасл не може да се пофали со некоја цврста одбрана, па тука типуваме дека домашните ќе постигнат барем три гола. Јунајтед е во борба за задржување на второто место. Од последните пет гостувања на „Олд Трафорд“, на четири Њукасл примаше 3 или 4 гола. И есеноска во Њукасл, Манчестер даде четири гола, а Црвените ѓаволи испорачаа „покер“ и во четвртокот против Реал Сосиедад.

Предлог тип: Т1 3+ (2.19)

 

1310 Атлетик Билбао – Вилјареал (21.00 часот)

Атлетик е во променлива форма, одат од врв до очај, и тешки се за прогнозирање. Вилјареал се специјалисти за нерешени резултати, од 23 кола, дури 12 пати играа нерешено. Последните четири нивни меѓусебни дуели беа со 0-2 гола. Жолтата подморница има осум бода повеќе од баскијците, прилично опасен гостин се, а Билбао дома има серија од четири меча на кои и дава и прима гол.

Предлог тип: & 2-3 (3.00)

- Оглас -

Најнови вести