За Азар, Меси е најдобриот фудбалер во историјата

Еден Азар во едно интервју за белгиски медиум ги одбра своите 10 незаборавни моменти во 2018 година, но најмногу внимание привлече кога изјави дека не може да има двајца најдобри фудбалери на сите времиња, туку само еден и тој е Лионел Меси.

„Велите дека има двајца најдобри? Не. Само еден е најдобар во историјата, Лионел Меси. Двата дуели против Барса не ми се во најдобро сеќавање од 2018 година. Среќен бев што играв против Меси, но бев разочаран, не го дадов придонесот кој требаше. Моите три сина се фанови на Меси, особено најстариот, тие дојдоа на стадион за да го видат, тој е посебен играч“, рече Азар.

Фудбалерот на Челзи кажа и дека тешењето на Нејмар по победата на Белгија над Бразил во четврт-финалето на СП му дошло природно.

„Ми дојде некако природно. Се ставив на негово место, притисокот беше огромен. Испаднаа Меси и Роналдо и очите беа вперени кон Нејмар. Сакав да му покажам дека е почитуван и му кажав да не се обесхрабрува“, изјави Азар, кој сонува на СП во Катар во 2022 да игра заедно со двајцата браќа Торган и Килијан.

 

- Оглас -

Најнови вести