Баерн Минхен доживеа еден од најтешките порази во клупската историја откако вечерва со 5:0 загуби на гости кај Борусија Менхенгладбах, во дуел од Купот на Германија. Баварскиот гигант на ова гостување стигна со најсилниот состав, но само по 20 минути игра, беше во негатива од три гола. Баерн никогаш во историјата на Германскиот куп не примил три гола во првите 20 минути како што беше сега.
Дебаклот на Баерн продолжи и во второто полувреме. Емболо погоди за 4:0 во 51-вата минута, а истиот играч го матираше Мануел Нојер и во 58-мата минута за 5:0, што на крајот се покажа како конечен резултат.
Баерн Минхен ваков дебакл немаше доживеано уште од 1978 година, кога на 9 декември загуби на гости кај Фортуна Дизелдорф со 7:1.
Денешниот пораз е осмиот најтежок за Баерн во клупската историја.
Најтешки порази на Баерн Минхен во клупската историја:
1976 година 7:0 од Шалке
1978 година 7:1 од Фортуна Дизелдорф
1975 година 6:0 од Ајнтрахт
1974 година 6:1 од Сарбрикен
1965 година 6:1 од Келн
1962 година 6:1 од Улм
2021 година 5:0 од Борусија Менхенгладбах.