За Барселона приоритет е Мбапе, а не Нејмар

Ангажман на Килијан Мбапе, и тоа идното лето, е приоритетот на Барселона, а не враќањето на Нејмар на „Камп ноу“, објави „Мундо депортиво“.

Добро информираните новинари на реномираниот медиум објавуваат дека челниците на Басрелона и буквално оделе на преговори во Париз за Нејмар, а мислеле како да дојдат до позиција да го натераат ПСЖ да им го продаде неговиот соиграч Мбапе.

Се претпоставува дека таков трансфер би бил рекорден, а се шпекулира со сума од околу 300 милиони евра. Барселона нема проблем да ги плати и тие пари, со што би го надминале и рекордот при трансферот на Нејмар, кога тие во 2017 година заработија 222 милиони евра со преселбата на Бразилецот во ПСЖ.

Ако Мбапе пристигне во Барселона и останат сите офанзивци што се сега во ростерот на актуелниот шпански шампион, тогаш Каталонците би имале пеколен напад со Меси, Суарес, Гриезман и Мбапе, а тука е и Дембеле.

 

- Оглас -

Најнови вести