Бугарскиот тенисер Григор Димитров ќе игра против Јаник Синер во финалето на мастерс турнирот во Мајами. Димитров игра одлично и прво го елиминираше првиот носител Карлос Алкарас во четвртфиналето, а потоа беше подобар и од Алексанер Зверев.
Синер е голем фаворит за трофејот, а и самиот Димитров вели дека за ривал ќе го има најдобриот тенисер во светот во моментов.
„Синер игра врвен тенис. Тој е најдобриот тенисер во моментов. Сепак, ова е финале. Ги сакам тие мечеви. Мора да бидам фокусиран во текот на целиот дуел. Синер покажа дека може многу, но и јас можам. Ова треба да биде многу интересен дуел“, рече Димитров, кој од понеделник ќе биде во Топ 10 тенисери во светот на АТП листата.