За Челзи би играл и на 40 години

Вилијан изминатиот викенд беше херојот на Челзи во градското дерби против Тотенхем. Бразилецот ги постигна двата гола во победата од 2-0 зголемувајќи го своето конто на вкупно пет погодоци оваа сезона.

Клучниот играч на Сините и менаџерот Френк Лампард по крајот на оваа сезона, ќе биде слободен играч бидејќи му истекува договорот, но тој сака да остане на „Стемфорд бриџ“, а посочи дека би играл за Челзи и на 40 години.

„Сите знаат колку го сакам овој клуб. Уживам играјќи во синиот дрес, да можам, би играл за Челзи и на 40 години. Затоа би сакал да останам тука, а засега се водат преговори околу нов договор и се надевам дека ќе се најде решение“, истакна 31-годишниот Вилијан.

Бразилскиот репрезентативец е член на Челзи од 2013 година, на досега 315 одиграни натпревари бележи учинок од 57 погодоци и исто толку асистенции.

- Оглас -

Најнови вести