За четири години одигра само 17 минути и освои седум трофеи, а сега си заминува од ПСЖ како слободен фудбалер

Третиот голман на ПСЖ, Александре Летелие, по четири години си заминува од клубот како слободен фудбалер. Тој во 2020 како слободен фудбалер пристигна од Орлеан, а претходно беше дел од низа клубови во Франција, но бранеше и во Норвешка и во Швајцарија. Токму со Јанг бојс ја освои и титулата во Швајцарија, а со ПСЖ освои седум трофеи, во кои учествуваше само со два настапи и 17 минути на теренот.

Летелие своето деби за ПСЖ го имаше на последниот меч од сезоната 2021/22, кога против Мец доби седум минути, а 10 минути доби на последниот натпревар од следната сезона против Клермон.

Триесет и тригодишниот голман во моментов вреди само 250.000 евра и важи за најевтиниот фудбалер на ПСЖ, додека својата највисока вредност ја имаше како фудбалер на Јанг бојс, кога вредеше 1,5 милиони евра.

Со ПСЖ трипати беше шампион на Франција, додека по двапати ги освојуваше Купот и Суперкупот на Франција.

- Оглас -

Најнови вести