За да ги гледа Меси и Роналдо, саудиски бизнисмен го купи најскапиот билет во историјата на фудбалот

Бизнисмен од Саудиска Арабија плати 2,1 милиони фунти за ВИП билет, за можеби последниот меч меѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Во Ријад ќе се игра пријателски дуел меѓу ПСЖ и олстар-тим составен од фудбалери на Ал-Хаср и Ал-Хилал. Пред 20-тина дена Роналдо потпиша за Ал-Наср, па затоа ќе биде ривал на Меси и останатите Светци во овој меч.

Билетот за ВИП делот бил ставен на аукција, а почетната цена била 220.000 фунти. Во наддавањето на крајот победил бизнисменот Мушараф бин Ахмед Ал-Гамди, кој не жалеше да потроши 2,1 милиони фунти за првиот меч на Роналдо по заминувањето од Европа, каде што за ривал ќе го има Меси и францускиот првак ПСЖ.

 

- Оглас -

Најнови вести