За да го даде 99-тиот гол за Португалија, Роналдо му го украде дебитантскиот погодок на соиграчот (Видео)

Португалија во последното коло ја комплетираше мисијата за пласман на Европското првенство 2020. Актуелните континентални владетели со победа од 2:0 на гости кај Луксембург ги освоија потребните три бода за да бидат со виза за ЕП.

Фернандес во 39-тата минута го најави триумфот на Португалија, а победата беше потврдена со голот на Кристијано Роналдо во финишот на средбата. За Роналдо тоа беше 99-ти погодок во националниот дрес, но според многумина, капитенот на Португалија му ја украде радоста на Диого Јота.

По шутот на Јота, топката одеше во мрежата, но Роналдо реши да ја шутне и да го потврди погодокот кога топката беше на самата гол-линија. На тој начин, како стрелец на погодокот е запишан Роналдо, а не Јота, кој чекаше да се израдува на дебитантскиот погодок за националниот тим.

https://youtu.be/2JDGlF2X7jE

По мечот, дел од навивачите коментираа дека потегот на Роналдо е неспортски и дека требало да остави Јота да се израдува на првиот гол за Португалија.

https://twitter.com/Dozi_e30/status/1196092988126121985

 

- Оглас -

Најнови вести