За да не се слави падот на сопственикот – Њукасл и Ливерпул ќе ја затворат сезоната на неутрален терен

Банална причина ќе го пресели завршниот меч во сезоната за Њукасл и Ливерпул на неутрален терен, а полицијата препорача да се игра што подалеку од „Сент Џејмс парк“.

Во нормални услови Њукасл и Ливерпул требаше да играат на 25 јули од 16 часот во последното коло, што би требало формално да му ја донесе титулата на гостинскиот тим, со скромна прослава без публика на „Сент Џејмс парк“.

Сепак, таквото тивко сценарио ќе се обидат да го нарушат најпрво навивачите на Ливерпул, кои според полицијата, би можеле да допатуваат на Североисток од Англија, а имаат оргомна причина за тоа. Ливерпул е на прагот на шампионската круна по 30 години чекање, а имаат големи 25 бода предност пред Манчестер сити, па веројатно ќе биде само формалност први да ја минат целта.

Втората причина што полицијата ја претпоставува е шокантна, а се верува дека и навивачите на Њукасл би можеле да се организираат и да го прослават падот на Мајк Ешли. Тој е сопственикот на Њукасл што не е омилен кај „црно-белата“ армија навивачи на клубот, а веќе го продаде на богатиот принц Мохамед бин Салман.

Тоа би било и причина за масовно присуство на навивачите на домашниот тим кои ќе сакаат да го порослават заминувањето на Ешли од клубот, па многу веројатно сценарио е дека Њукасл и Ливерпул ќе ја спуштат завесата со меѓусебен меч на неутрален терен на 25 јули со почеток од 16 часот.

- Оглас -

Најнови вести