За да не се сруши, авионот на Меси морал принудно да слета

Приватниот авион на Лионел Меси денеска морал принудно да слета на аеродромот во Брисел откако биле констатирани технички проблеми за време на летот кон Тенерифе. Пред две години, Меси плати 13 милиони евра за луксузниот авион, кој во изминативе 24 часа имал долга релација на летање.

Авионот синоќа полетал од градот Ресифе во Бразил и утрово пристигнал во Брисел.

По неполн час од следувањето, авионот бил подготвен за повторно полетување, овојпат кон Тенерифе. Само 40-тина минути по полетувањето од Брисел, се појавиле технички проблеми, па било побарано повторно враќање на авионот и принудно слетување во Брисел.

Меси не бил во авионот, а засега не се знае кои биле патниците во луксузното летало кое требало да пристигне во Тенерифе.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести