1001 Евертон – Вест хем (18:30 ч.)
Со четири победи и едно реми, Евертон е тимот кој е во најдобра форма во последните пет кола во Премиер лигата. Карамелите сигурно ќе сакаат со победа на свој терен да стартуваа во новата година, но против себе го имаат незгодниот Вест хем.
Чеканите знаат да направат проблем иако во последните четири меча имаат освоено само три бода. Традицијата вели дека на последните седум меѓусебни средби секогаш паѓале барем по два гола, па може да очекуваме во првиот меч од 2021 година во Премиер лигата да има возбудувања.
Предлог тип: 1Х&2+ (1.72)
1002 Манчестер ј. – Астон вила (21 ч.)
Голем е мотивот за најтрофејниот англиски клуб, затоа што со три освоени бода Манчестер јунајтед ќе се израмни на врвот на табелата со лидерот Ливерпул. Сепак, Астон вила е еден од најопасните гостински тимови. Екипата од Бирмингем сезонава на седум госувања има пет победи, едно реми и само еден пораз. Во седум меча прими само три гола. Моќта на Астон вила ја почувствува Арсенал кој дома загуби со 3:0, а Челзи во претходното коло одигра само 1:1 на „Стемфорд бриџ“.
Двата тима немаа пораз во последните пет првенствени кола, но традицијата вели дека гостите апсолутно немаат никаква шанса. На последните 16 меѓусебни натпреварувачки дуели, Манчестер има 12 победи и четири нерешени. Астон вила последен пат ги победил Црвените ѓаволи во 2009 година и тоа на „Олд Трафорд“.
Предлог тип: 1 (1.80)
1011 Шефилд венсдеј – Дерби (18:30 ч.)
Дуел на две екипи кои се во долниот дел од табелата во втората англиска лига. Домаќините имаат проблеми со повредени играчи, но сепак домашниот терен треба да им е предност. Нападот е најголемиот проблем за двата тима. Шефилд во 22 меча постигна само 14 гола, а исто толку погодоци има дадено и Дерби, но во еден меч помалку.
Нема екипи со послаба реализација од овие две во Чемпионшип, но интересно е дека традицијата вели кога играат меѓусебе на последните девет дуели има барем по два погодоци.
Предлог тип: 2-3 (2.03)
5720 Есперансе – Етоил Сахел (16 ч.)
Двете водечки екипи во туниското првенство играат меѓусебе на стартот од новата година. По четири одиграни кола Есперансе има 10 од можните 12 бода, додека Етоил е втор со девет бодови. Одбраната е главна карактеристика на домаќините, но Етоил е тим кој дава голови на секој меч.
Традицијата од последните пет меча на овие две екипи вели дека нема да има повеќе од два гола.
Предлог тип: 0-2 (1.47)
5725 Ал Ахли – Вади Дегла (18:30 ч.)
Ал Ахли е клуб институција во Египет, а тоа се покажува со трите победи во првите три кола од новото првенство и дури 10 постигнати гола. Вади Дегла е просечен тим кој реално не треба да му направи проблеми на фаворитит.
Ал Ахли има осум победи и едно реми во последните девет средби со овој ривал и се друго освен три бода за домаќинот ќе биде чудо.
Предлог тип: 1-1 (1.78)