За дефанзивецот на Манчестер јунајтед заврши годината

Ерик Баји, централниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, ќе биде надвор од терените до крајот на 2019 година. Еден од најмалерозните играчи на Црвените ѓаволи се повреди на контролниот меч против Тотенхем.

„На Баји мораше да му се изврши операција, која ќе го одалечи од теренот во следните 4-5 месеци. Се надевам дека ќе биде подготвен да се врати на теренот околу Нова година“, рече менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер.

Според пресметките, Баји ќе пропушти околу 20 меча на Манчестер во првенството. Ова за него е четврта потешка повреда откако е дојден на „Олд Трафорд“, а веќе има пропуштено 34 меча во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести